Советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин поднесе оставка

И покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има целосна доверба во својот советник за национална безбедност Мајкл Флин, Тој сепак потоа поднесе оставка

672117
Советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин поднесе оставка

Советникот на Белата куќа за национална безбедност Мајкл Флин поднесе оставка на должноста.

Мајкл Флин го преокупира дневниот ред во САД со вестите околу тоа дека пред церемонијата на полагање заклетва на новиот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари разговарал со рускиот амбасадор во Вашингтон Сергеј Иванович Кисљак во врска со санкциите кои што САД ги спроведуваат против Русија.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер претходно во дадената изјава по ова прашање истакна дека се разгледува состојбата на Флин.

И покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има целосна доверба во Флин, Тој сепак потоа поднесе оставка.

На местото на Мајкл Флин за вршител на должноста советник на Белата куќа за национална безбедност е назначен пензионираниот генерал полковник Кит Келог.

Во вестите кои што беа објавени во американските медиуми се вели дека Флин во своето писмо со оставка го напишал следното: „ Во врска со телефонскиот разговор што го остварив со рускиот амбасадор без да бидам свесен за тоа ги информирав нецелосно потпретседателот и другите. Им се извинив на претседателот и потпретседателот и тие го прифатија моето извинување. Поднесувам оставка. Чувствувам гордост од тоа што му служев на американскиот народ во една толку многу поносна позиција. Оваа управа со претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс и другите собрани од нивна страна во оваа екипа ќе се споменува како најголема управа во историјата на САД.“



Слични вести