Во Германија донесена забрана за партијата на Турците Алијанса на германските демократи АДД

Како образложение за донесената забрана од страна на судот во Ќелн беше изнесено тоа што логото на партијата е слично со логото на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија АФД

671242
Во Германија донесена забрана за партијата на Турците Алијанса на германските демократи АДД

Во Германија донесена забрана за партијата Алијанса на германските демократи АДД (Allianz Deutscher Demokraten ADD) формирана од страна на граѓаните од турско потекло во градот Ќелн.

Како образложение за донесената забрана од страна на судот во Ќелн беше изнесено тоа што логото на партијата е слично со логото на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија АФД.

Како причина поради оваа судска одлука донесена во период кога Алијансата на германските демократи АДД која се организира во 5 покраини во Германија и се подготвуваше да формира свој огранок и во Берлин, беше изнесено тоа што гласачите би можеле да ги испомешаат двете партии поради сличноста на логото. 

Портпаролот на партијата Алијанса на германските демократи АДД (Allianz Deutscher Demokraten ADD) Угур Карадаг истакна дека судот донесен пристрасна одлука, дека се применува двоен стандард и дека ќе поднесат жалба против оваа одлука.

Карадаг рече дека адвокатот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија АФД судската одлука ја споделил преку социјалните медиуми и дека и покрај притисоците на кои што се подложени неговата партија го продолжува својот раст.

Вториот претседател на партијата Алијанса на германските демократи АДД Рамазан Акбаш исто така рече дека сигурно ќе поднесат жалба против оваа судска одлука.

Инаку, партијата Алијанса на германските демократи АДД (Allianz Deutscher Demokraten ADD) беше формирана од страна на турскиот бизнисмен Рамазан Ару, адвокатот Рамазан Акбаш и Халил Ертем и тоа во знак на реакција против одобрувањето од страна на германскиот парламент Бундестагот на таканаречениот ерменски закон пред приближно 7 месеци.



Слични вести