Гурбангули Бердимухамедов по трет пат реизбран за претседател на Туркменистан

Актуелниот претседател Гурбангули Бердимухамедов кој беше истакнат за кандидат од Демократската партија со освоени 97-насто од гласовите по трет пат беше реизбран за претседател на Туркменистан

671127
Гурбангули Бердимухамедов по трет пат реизбран за претседател на Туркменистан

Актуелниот претседател на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов по трет пат реизбран за претседател на оваа Централноазиска држава.

Во Туркменистан се одржаа првите претседателски избори по одобрувањето на уставните измени.

На изборите гласаа повеќе од 3 милиони бирачи, а се натпреваруваа 9 кандидати.

Актуелниот претседател Гурбангули Бердимухамедов кој беше истакнат за кандидат од Демократската партија со освоени 97-насто од гласовите по трет пат беше реизбран за претседател на Туркменистан.

59-годишниот Бердимухамедов кој веќе подолго од 10 години како управува со земјата претседателскиот мандат ќе го извршува и во наредните 7 години. 

Во рамките на последните уставни измени во Туркменистан мандатот на претседателот на државата од 5 е продолжен на 7 години.



Слични вести