ДАЕШ изврши едновремени напади со 10 возила врз силите Хашди Шаби во Тел Афер во Ирак

Терористичката организација ДАЕШ реализиран едновремени напади со 10 возила натоварени со бомби врз шиитските сили Хашди Шаби во населеното место Тел Афер кај градот Мосул во Ирак

671444
ДАЕШ изврши едновремени напади со 10 возила врз силите Хашди Шаби во Тел Афер во Ирак

Во едновремени напади реализирани од страна на терористичката организација ДАЕШ со 10 возила натоварени со бомби во населеното место Тел Афер кај градот Мосул во Ирак против шиитските сили Хашди Шаби загинаа и се ранети голем број лица.

По реализираните напади во населеното место Тел Афер и во областите Беаџ и Билеџ дојде до вооружена престрелка помеѓу терористичката организацијха ДАЕШ и шиитските сили Хашди Шаби.

ДАЕШ за прв пат од почетокот на операцијата на Мосул досега реализира волку голем напад со тешко оружје и со возила натоварени со бомби.

Во операцијата кои што во последните денови се засилени околу населеното место Тел Афер се има за цел да биде отворен патот Тел Афер-Рака кој што го поврзува ирачкиот град Мосул и со Сирија. 

Населеното место Тел Афер на 16 јуни 2014 година премина во рацете на терористичката организација ДАЕШ, а во ноември 2016 година патот Мосул-Рака беше земен под контрола од страна на шиитските сили Хашди Шаби.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ, која продолжува.



Слични вести