Апелациониот суд ја потврди судската одлука за поништување на забраната на Трамп за влез во земјата

Апелациониот суд пресуди да не се применува указот на претседателот Трамп кој содржи да не бидат примени во САД државјаните од 7 муслимански земји и тоа и доколку би имале виза и да не им се издаваат визи во текот на 90 дена

669668
Апелациониот суд ја потврди судската одлука за поништување на забраната на Трамп за влез во земјата

Федералниот Апелационен суд на САД ја оцени за правилна и ја потврди одлуката на судот од чија страна беше поништен указот на американскиот претседател за забрана за влез во земјата на граѓаните на 7 муслимански земји.

На тој начин Апелациониот суд пресуди да не се применува указот на претседателот Трамп кој содржи да не бидат примени во САД државјаните од 7 муслимански земји и тоа и доколку би имале виза и да не им се издаваат визи во текот на 90 дена.

Во едногалсно донесената одлука се нагалсува дека американската управа не доставила никаков доказ во врска со причината за поставување итна забрана за влез во земјата за граѓаните на земјите за кои станува збор.

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер  покажа реакција на оваа одлука на Федералниот Алепационен суд.

Трамп го употреби изразот „Ќе се видиме на суд, безбедноста на нашата нација е во опасност“ и го даде знакот дека ќе поднесе жалба до Врховниот суд.

Новиот претседател на Врховниот суд Нил Горсуч кој беше назначен од страна на претседателот Долад Трамп неговите зборови во врска со судството ги дефинира како „деморализирачки“.

Врховниот суд моментално се состои од 8 членови од кои четворица либерали и четворица конзервативци.

Новиот претседател на Врховниот суд Нил Горсуч подади тоа што неговото назначување не е одобрено од страна на Сенатот не ќе може да учествува на гласањето.

Затоа се истакнува дека може да стане збор за блокирање со четири наспроти четири и на процесот во Врховниот суд.

Во меѓувреме главниот јавен обвинител на сојузната држава Вашингтон Роберт Фергусон му се обрати на претседателот Трамп и посака да го повлече указот со кој што се донесување забрана за влез во земјата на граѓаните на седум муслимански земји.

Фергусон рече: „Претседателот треба што побрзо да го повлече овој набрзина напишан и опасен указ кој стана причина за хаос во земјата. Доколку го одбие тоа ќе продолжам да го сметам за одговорен пред Уставот.“

Фергусон нагласи дека никој не е над правото вклучувајќи го и претседателот на државата.



Слични вести