Абас: Изградбата на незаконски населби претставува отворено прекршување на меѓународното право

Палестинскиот претседател Махмуд Абас во Брисел одржа заедничка прес-конференција со белгискиот премиер Шарл Мишел и истакна дека активностите на Израел за изградба на незаконски населби претставува отворено прекршување на меѓународното право

669956
Абас: Изградбата на незаконски населби претставува отворено прекршување на меѓународното право

Палестинскиот претседател Махмуд Абас по посетата на Франција ја посети Белгија каде што во Брисел се состана со белгискиот премиер Шарл Мишел.

Во оваа прилика Абас повтори дека активностите на Израел за изградба на незаконски населби претставува отворено прекршување на меѓународното право. 

На одржаната заедничка конференција за претставниците на печатот со белгискиот премиер Шарл Мишел палестинскиот претседател Махмуд Абас привлече внимание на активностите на Израел за изградба на незаконски населби и рече дека ова прашање е од големо значење за решението со две држави.

Потсетувајќи дека на почетокот на неделата во изарелскиот парламент, Кнесетот беше усвоен законот за легализирање на еврејските населби, Абас нагласи дека тоа претставува и напад против палестинскиот народ и прекршување на меѓународните закони. 

Махмуд Абас истакна дека овој закон нема никаква валидност од аспект на меѓународното право и дека ќе ги продолжат активностите на меѓународна арена за барање на правата на Палестинците.

Белгискиот премиер Шарл Мишел пак се осврна на одлуката „признавање во најпогодно време на државата Палестина“ која што беше донесена во 2015 година во белгискиот парламент.

Мишел истакна дека го чекаат погодното време за тоа и дека се во контакт со своите европски партнери.

Привлекувајќи внимание дека законот во врска со населбите е во спротивност со меѓународните закони, Мишел укажа на тоа дека тоа воедно ги поткопува и мировните преговори.

Израелскиот парламент, Кнесетот на 6 февруари го разгледа за последен пат и усвои нацрт-законот за легализирање на еврејските населби во Западниот брег.

Инаку, Источен Ерусалим и Западниот брег од 1967 година се наоѓаат под израелска окупација.

Источен Ерусалим и Западниот брег од 1967 година се наоѓаат под израелска окупација.

Во Источен Ерусалим кој е под израелска окупација живеат околу 200 илјади, а на Западниот брег околу 400 илјади Евреи.

Според меѓународното право, сите еврејски населби на овие територии се прифаќаат за нелегални.

 



Слични вести