Техеран ги отфрли тврдењата за извршено ново тестирање на балистичка ракета

Иранскиот министер за одбрана Хусејин Деган ги отфрли тврдењата за извршено ново тестирање на балистичка ракета и рече дека веста на американската телевизија „Фокс Њуз“ од чија страна беше изнесено тврдењето е „измислена“

669185
Техеран ги отфрли тврдењата за извршено ново тестирање на балистичка ракета

Иранскиот министер за одбрана Хусејин Деган ги отфрли тврдењата за извршено ново тестирање на балистичка ракета.

Деган истакна дека веста на американската телевизија „Фокс Њуз“ од чија страна беше изнесено тврдењето е „измислена“.

Иранскиот министер рече дека овие обвинувања се „дел од психолошката војна“ против неговата земја.

Американската телевизија „Фокс Њуз“ тврдеше дека Иран изведе уште едно тестирање на балистичка ракета.

Телевизијата во веста што ја објави ослонувајќи се на изјавата на еден анонимен американски функционер наведе дека во тестирањето била користена балистичка ракета од типот Мирсад.

По извршеното тестирање на балистичка ракета од страна на Иран на 29 јануари САД го повикаа Советот за безбедност на ОН на итен состанок.

Американската управа на Доналд Трамп која го повиши својот глас против ракетната програма на Иран го постави на дневен ред воведувањето на нови санкции и се нафати на остра полемика со Техеран.

 



Слични вести