Мухамед Абдулахи Фармаџо нов претседател на Сомалија
Претседателот Ердоган по телефон го побара Фармаџо и му посака успех во работата

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган му честиташе на Мухамед Абдулахи Фармаџо за победата на претседателските избори во Сомалија.
Претседателот Ердоган по телефон го побара Фармаџо и му посака успех во работата.
Турција придава големо значење на воспоставувањето на стабилноста и прогресот во Сомалија, рече претседателот Ердоган на разговорот.
Во меѓувреме, веста за изборот на поранешниот премиер Мухамед Абдулахи Фармаџо за претседател на државата во Могадишу беше пречекана со голема радост од страна на стотици лица.
На вториот круг на гласањето на претседателските избори се натпреваруваа досегашниот претседател Хасан шеик Махмуд чиј мандат истече, поранешниот премиер Мухамед Абдулахи Фармаџо и поранешниот претседател Шериф Шеик Ахмед.
55 годишниот Фармаџо има и американско државјанство.