ДЕАШ во сириското подрачје АЛ Баб навистина е во многу тешка состојба

Турција и силите поддржани од страна на Турција во Ал Баб реализираа неверојатна и многу успешна задача

669122
ДЕАШ во сириското подрачје АЛ Баб навистина е во многу тешка состојба

Портпаролот на меѓународната коалиција предводена од САД против ДЕАШ, полковникот Џон Дориан рече дека “терористичката организација ДЕАШ во сириското подрачје Ал Баб навистина е во многу тешка состојба“.

Турција и силите поддржани од страна на Турција во Ал Баб реализираа неверојатна и многу успешна задача.

Џон Дориан рече дека терориастичката организација ДЕАШ во Ал Баб навистина е во многу тешка состојба, поради што се обидува да се задржи во овој град и ќе изгубат многу повеќе терористи и извори.

Дориан преку видео конференција се поврза со американското Министерство за одбрана Пентагон и ги информираше надлежните за операциите кои беа остварени во борбата против терористичката организација ДЕАШ во Ирак и Сирија.

Полковникот Дориан рече дека влегувањето на турските вооружени сили и силите поддржани од страна на турската армија од северната страна на градот, бомбардирањето од воздух како и приближувањето на силите режимот од јужната страна предизвикаа непријателот да се најде во тешка состојба во Ал Баб. Турција реализира многу успешна и неверојатна задача во изолирањето на непријателот на северот на Сирија. Турција успешно го спречи инфилтрирањето на терористите во Сирија како и нивното бегство преку турската граница во странство.



Слични вести