Американските воени авиони извршија напад на една зграда во сирискиот град Идлиб

Во нападите биле убиени 11 терористи приврзаници на терористичката организација меѓу кои и Ебу Хани ал-Мисри

668787
Американските воени авиони извршија напад на една зграда во сирискиот град Идлиб

Во воздушниот напад на американските воени авиони на една зграда во сирискиот град Идлиб за која се тврди дека се користеше од страна на терористичката организација ДЕАШ загинаа 11 терористи.

Во писменото соопштението на портпаролот на американското министерство за одбрана Пентагон Џеф Дејвис беше истакнато дека врз зградата за која беше изнесено дека се користеше како центар за одржување состаноци на Ал Каеда, на 3 и 4 февруари беа извршени два воздушни напади.

Во соопштението беше истакнато дека во нападите биле убиени 11 терористи приврзаници на терористичката организација меѓу кои и Ебу Хани ал-Мисри за кого се тврди дека беше еден од лидерите на Ал Каеда.

За Ал Мисри се истакнува дека активно соработувал со nekoi ldieri na terorističkata organiyacija Al kaeda kako što se Ајман Ал-Зевахири и осама Бин Ладен.

Дејвис во изјавата рече дека Ал Мисри учествувал во активностите за обука на илјадници терористи, нивното испраќање во различни подрачја на светот, изградбата на кампот на Ал Каеда во Авганистан во периодот од 1980 до 1990 година. Ал Мисри е и еден од египетската организација исламски Џихад кој прва почна да ги употребува самоубиствените напаѓачи.



Слични вести