Тајна средба на шефот на МОСАД Јоси Коен со високи советници на Трамп во Вашингтон

Според веста на израелскиот весник „Хаарец“ Шефот на израелската разузнавачка служба МОСАД Јоси Коен пред две недели остварил тајна средба со високи советници на новиот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон

666098
Тајна средба на шефот на МОСАД Јоси Коен со високи советници на Трамп во Вашингтон

Шефот на израелската разузнавачка служба МОСАД Јоси Коен пред две недели остварил тајна средба со високи советници на американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Според веста на израелскиот весник „Хаарец“ на оваа остварена тајна средба во Вашингтон присуствувал и советникот за национална безбедност на Израел Јаков Негел.

На средбата било разговарано за продолжувањето на политичката координација помеѓу Тел Авив и новата американска управа.

Во веста се привлекува внимание дека средбата била остварена на вториот ден од преземањето на власта од страна на новиот американски претседател Доналд Трамп и дека притоа освен за израелско-палестинскиот проблем било разговарано и за состојбата во Сирија.

Реализацијата на оваа тајна средба била потврдена и од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додека во врска со содржината на разговорите не беа дадени детални информации.



Слични вести