Стотици цивили бегаат од Ел Баб под контрола на ДАЕШ и се засолнуваат кај опозиционерите

Според добиени информации од локални извори стотици цивили неможејќи да го поднесат притисокот на кој што се подложени од страна на терористичката организација ДАЕШ секојдневно бегаат од Ел Баб

666199
Стотици цивили бегаат од Ел Баб под контрола на ДАЕШ и се засолнуваат кај опозиционерите

Стотици лица цивили кои бегаат од гадот Ел Баб кој се наоѓа во североисточниот дел на градот Алепо во Сирија и е под контрола на терористичката организација ДАЕШ се усмеруваат кон соседните области под контрола на опозиционерите.

Според добиени информации од локални извори стотици цивили неможејќи да го поднесат притисокот на кој што се подложени од страна на терористичката организација ДАЕШ секојдневно бегаат од Ел Баб.

Големиот број цивили кои пристигнуваат во областа на Азез кај градот Алепо поминуваат од контрола од контролните пунктови на опозиционерите.

Единиците на Слободбата сириска армија кои го зедоа под обрач градот Ел Баб од три страни цивилите ги испраќаат во безбедносни области каде што се наоѓаат кампови во близина на Азез.

Сириецот Рами Ибрахим кој избегал од Ел Баб кој се наоѓа под контрола на терористичката организација ДАЕШ изјави за новинската агенција Анадолија дека терористичката организација ги користи цивилите во Ел Баб како жив штит.

Ибрахим рече: „Штабовите на ДАЕШ се наоѓаат внатре во цивилни населени места. На народот веќе му е здосадено од пристисокот на ДАЕШ.“ 

Нагласувајќи дека терористичката организација ДАЕШ во  Ел Баб располага со голем број меѓусебно поврзани подземни тунели, Рами Ибрахим рече дека ДАЕШ во Ел Баб се грижи само за своите членови и не води никаква грижа за цивилното население.

Ибрахим истакна дека за да не бидат фатени од страна на членовите на терористичката организација го напуштиле градот ноќе и дека биле приморени низ одредени места да поминат со пешачење.



Слични вести