Со секој поминат ден расте значењето на Турција во борбата против терористичката организација ДАЕШ

На годишниот конгрес на „иновативното“ крило во Демократската партија во САД беше нагласено значењето на Турција во борбата против терористичката организација ДАЕШ

666161
Со секој поминат ден расте значењето на Турција во борбата против терористичката организација ДАЕШ

Со секој поминат ден расте значењето на Турција во борбата против терористичката организација ДАЕШ...

На годишниот конгрес на „иновативното“ крило во Демократската партија во САД беше нагласено значењето на Турција во борбата против терористичката организација ДАЕШ.

Турскиот бизнисмен Мурат Ѓузел во говорот што го доржа на конгресот привлече внимание дека граѓанската војна која што продолжува во Сирија е излезена од регионален проблеми и дека милиони Сиријци ги напуштија своите домови и заминаа во соседните земји, а поготово во Турција.

Нагласувајќи дека во оформувањето на неопходните услови за да би можеле сириските бегалци да се вратат во своите домови треба да се земе за основа борбата против терористичката организација ДАЕШ, Ѓузел рече: „Се додека подолжува заканата од режимот и ДАЕШ во Сирија сирискиот народ не може да се стекне со просперитет. Со зајакнување на нашите односи по ова прашање со регионалните актери, а особено со Турција треба да ја исполниме одговорноста што ни се паѓа за решавање на овој проблем.“

Турскиот бизнисмен Мурат Ѓузел во својот говор привлече внимание и на тоа дека со претседателските избори во Америка се поставени на мета муслиманите  и рече: „Треба да бидат преземени построги законски мерки по ова прашање. И Исламофобијата исто како и Антисемитизмот треба да се оцени за кривично дело и веќе треба да се прифати постоењето на оваа терминологија. Поради тоа што не се фрлаат потребните чекори по ова прашање го губат својот живот голем број муслимани.“



Слични вести