Поплавите во Перу одзедоа 23 животи, а десетици лица се повредени

Министерството за одбрана соопшти дека од надојдените води биле погодени приближно 72 илјади лица, во 15 илјади згради била причинета материјална штета, а 994 згради, 14 мостови и 46 километри магистрални патишта биле доведени во неупотреблива состојба

666436
Поплавите во Перу одзедоа 23 животи, а десетици лица се повредени

Во поплавите во јужноамериканската држава Перу предизвикани од силните врнежи од дожд животот го загубија 23 лица.

Министерството за одбрана на Перу соопшти дека во надојдените води во земјата освен 23-јца загинати, 37 лица се повредени.

Во објавеното соопштение од министерството се истакнува дека од надојдените води биле погодени приближно 72 илјади лица, во 15 илјади згради била причинета материјална штета, а 994 згради, 14 мостови и 46 километри магистрални патишта биле доведени во неупотреблива состојба.

Во истото соопштение се додава дека во активностите за чистење на теренот и кревање на рушевините како и за доставување помош во погодените области Ламбајекуе и Лорето биле вклучени повеќе од 3 илјади војници.

Во Перу каде што веќе извесно време владеат силни врнежи од дожд на крајот од минатиот месец во главниот град Лима и во градовите Арекуипа, Хуанкавелика и Ица беше прогласена итна состојба.

Метеоролози истакнуваат дека врнежите од дожд кои што се засилени поради високите температури во Пацификот кои што се движат над нормалата се очекува да продолжат до крајот на април.



Слични вести