Обиди на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за средба со Доналд Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обидува да закаже средба со новиот американски претседател Доналд Трамп со кого ќе разговара во врска со илегалните еврејски доселенички населби на окупираните палестински територии, а пред се во Источен Ерусалим

665723
Обиди на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за средба со Доналд Трамп

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека ќе се обиде да оствари средба со американскиот претседател Доналд Трамп со кого ќе разговара во врска со илегалните еврејски доселенички населби кои што се градат на окупираните палестински територии, а пред се во Источен Ерусалим.

Според веста на израелското државно радио, премиерот Нетанјаху пред својата пратеничка група во израелскиот парламент Кнесетот истакна дека ќе ја стави во акција израелската амбасада во САД за закажување средба со американскиот претседател Трамп, а со цел координирано делување со американската управа по прашањето на илегалните еверејски населби. 

Израел по доаѓањето на власт на новиот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари досега донесе одлука за изградба на приближно 6 илјади нови станови на Западниот брег и во истчен Ерусалим.

На 23 декември пак со 14 гласа за во Советот за безбедност на ОН беше усвоена резолуцијата за „веднаш и целосно“ стопирање на сите иелгални активности на Израел на окупираните палестински територии.

Источен Ерусалим и Западниот брег од 1967 година се наоѓаат под окупација на Израел.

Во Источен Ерусалим има 200 илјади, а на Западниот брег над 400 илјади еврејски доселеници.

Согласно меѓународното право сите еврејски населби во обие наведени области се сметаат за незаконски.



Слични вести