4 полицајци во Франција се обвинуваат за силување на еден млад со пендрек

22 годишниот млад кој беше изложен на силување беше префрлен на лекување во болница и здравствената состојба му е сериозна

665818
4 полицајци во Франција се обвинуваат за силување на еден млад со пендрек

Министерот за внатрешни работи Бруно ле Ру во писмената изјава за печатот рече дека 4 полицајци кои се обвинуваат за силување на еден 22 годишен млад во предградието Сена-Сен Дени на северот на Париз, од четвртокот наваму се држат во притвор.

Според тврдењата, за да се докажат тврдењата, беа сослушани голем број сведоци а исто така беа истражени и видео снимките. Во случај да се докаже тврдењето, полицајците ќе бидат казнети, рече министерот Ру.

Во подрачјето Олне су Боа на предградието Сена-Сен Дени, 4 полицајци во четвртокот во рамките на рутинската контрола, силувале еден 22 годишен млад чие име не беше објавено.

По инцидентот кој беше доживеан пред очите на другите граѓани, младиот беше префрлен на лекување во болница и здравствената состојба на младиот е сериозна.

На младиот кој сеуште се наоѓа на лекување во болница му беше дадено лекарско уверение во кое пишуваше дека 60 дена не бил способен за работа. Настанот беше снимен од страна на еден граѓанин со аматерска камера.

По настанот, Јавното обвинителство на Бобињи започна истрага против 4 полицајци за колективно силување.



Слични вести