Повик од ОБСЕ за прекин на повторно разгорените судири во Источна Украина

Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) Ламберто Заниер во објавеното писмено соопштение ги осуди повторно разгорените судири во Источна Украина и ги повика страните на прекин на огнот

665159
Повик од ОБСЕ за прекин на повторно разгорените судири во Источна Украина

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) упати повик за прекин на огнот во Источна Украина.

Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) Ламберто Заниер во објавеното писмено соопштение ги осуди повторно разгорените судири во Источна Украина и ги повика страните на прекин на огнот.

Велејќи дека самоволните напади во Источна Украина во места кои што се населени претежно со цивили се неприфатливи, Заниер истакна дека страните веднаш треба да ги сопрат судирите и да покажат почит и кон договорот од Минск и кон постигнатиот прекин на огнот.

Лаберто Заниер напомена дека најголема штета во судирите претрпуваат цивилите и голем број лица го губат животот, а воедно додаде дека во областа се заглавени повеќе од илјада цивили кои се соочуваат со недостаток од храна и се без греење.

Од 2014 година досега со повремени застои продолжуваат да се водат судири помеѓу украинската армија и проруските сепаратисти во областа Донбас во источниот дел на Украина.



Слични вести