Владата на Италија потпиша договор за зголемување на дијалогот и соработката со муслиманите

Министерот Минити рече дека заедничка одлика на страните е Италија.

663956
Владата на Италија потпиша договор за зголемување на дијалогот и соработката со муслиманите

Италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити со претставниците на муслиманите во земјата потпиша договор за зголемување на дијалогот и соработката.

На свеченоста во зградата на Министерството за внатрешни работи учествуваа Министерот Минити и претставници на исламската заедница во Италија.

На свеченоста беше потпишан договорот наречен Национален италијански исламски пакт. Со договорот се предвидува зголемување на дијалогот и соработката меѓу претставниците на исламските здруженија со Министерството за внатрешни работи и преземање заеднички активности против фундаментализмот. Меѓудругото се гарантира поттикнувањето на законското организирање на исламските здруженија во рамките на слободата на вероисповед.

Во говорот на свеченоста министерот Минити рече дека заедничка одлика на страните е Италија. Денес остваривме извонредна инвестиција која ќе обезбеди големи предности за иднината на земјата. Покрај тоа што сме приврзаници на различни религии, сите сме Италијанци, рече министерот  Минити.

Потписите на договорот беа фрлени со големо задоволство, рече Минити и подвлече дека сите учесници на церемонијата се при врзани кон вредностите на уставот и отворено и јасно го осудија тероризмот и сите видови насилство.

Во меѓувреме, Родоуане,  по потпишувањето на договорот го побара пенкалото со кое беше потпишан истиот и рече дека е подарок на претседателот на турскиот парламент. 



Слични вести