Рекс Тилерсон е новиот шеф на американската дипломатија

Рекс Тилерсон поранешен претседател на бордот на Ексон Мобил со 56 гласа за и 43 против во гласањето во Сенатот е избран за нов шеф на американската дипломатија

663625
Рекс Тилерсон е новиот шеф на американската дипломатија

Рекс Тилерсон поранешен претседател на бордот на Ексон Мобил со 56 гласа за и 43 против во гласањето во Сенатот е избран за нов шеф на американската дипломатија.

Додека беше на чело на компанијата Ексон Мобил,  Тилерсон тесно соработуваше со руски Газпром.

Интервјуто на Тилерсон во Сенатот минатата недела траеше точно 9 часа. Голема беше веројатноста да го бојкотираат демократите поради неговите блиски односи со Русија.

Сепак демократите не го блокираа гласањето така да Тилерсон го доби ресорот државен секретар за надворешни работи на САД.

Инаку Тилерсон кој се залага за поактивна американска политика на Блискиот исток меѓу другото е познат и по својот позитивен став кон Турција.

Тилерсон имаше изјавено дека Турција мораше да се преориентира кон Русија бидејќи ние не бевме активни.Оваа изјава на Тилерсон како да ја најави идната надворешна политика на САД.



Слични вести