Британија ја изгласа одлуката за започнување на процесот Брегзит

Вториот круг на преговори за предлог-законот Брегзит се одржа во Долниот дом на парламентот на Англија и заврши со гласање

663688
Британија ја изгласа одлуката за започнување на процесот Брегзит

Во Парламентот на Англија се одржа првото гласање за 50-от член кој се однесува на преносот на овластувањето на одлуката за излегување на Велика Британија од ЕУ (Брегзит) на Владата.

Вториот круг на преговори за предлог-законот Брегзит се одржа во Долниот дом на парламентот на Англија и заврши со гласање.

114 пратеници гласаа против, додека 498 за. На тој начин беше запалено зелено светло за пренесување на преговорите на ниво на комисија.

По сугестивната одлука на Уставниот суд дека процесот Брегзит треба да започне со одобрување на 50-от член на Договорот од Лисабон од стграна на парламентот, минатата недела владата поднесе предлог-закон со кој се бараше овластувањето да се пренесе на Владата.

Предлог-законот кој беше поднесен беше еден од најкратките во досегашната историја на Парламентот на Англија и се состои само од два члена и содржи само пренесување на овластувањето.

Министерот за Брегзит Дејвид Дејвис рече дека предлог-законот не се однесува на излегувањето на Британија од ЕУ или каков пат ќе се следи, туку се предвидува само пренесување на овластувањето за спроведување на одлуката на народот.



Слични вести