Мировните преговори за Сирија одложени за 20 февруари

Амбасадорот на Сирија во Москва Ријад Хадад соопшти дека бил известен од страна на Де Мистура за датумот за одложувањето на мировните преговори

662913
Мировните преговори за Сирија одложени за 20 февруари

Мировните преговори за Сирија одложени за 20 февруари

Специјалниот претставник на Обединетите Нации за Сирија Стефан де Мистура изјави дека мировните преговори за Сирија кои беа закажани за 8 февруари во Женева,Швајцарија се одложени за 20 февруари.Мистура самиот се обрати до Советот за безбедност на ОН за одложување на датумот на преговорите.

Амбасадорот на Сирија во Москва Ријад Хадад соопшти дека бил известен од страна на Де Мистура за датумот за одложувањето на мировните преговори.

Специјалниот претставник на ОН Стефан де Мистура изјави дека поволната атмосфера која беше доловена на самитот посветен на иснината на Сирија во Астана,Казахстан, инициран од страна на Турција,Русија и Иран би можела да се рефлектира и на претстојниот мировен состанок за Сирија во Женева.



Слични вести