Јавните обвинители на 16 американски држави објавија декларација против одлуката на Трамп

Во декларацијата беше истакнато дека верската слобода претставува една од основните начела на САД

661414
Јавните обвинители на 16 американски држави објавија декларација против одлуката на Трамп

Јавните обвинители на 16 американски држави објавија декларација против одлуката на претседателот Доналд Трамп со која се забранува влезот на граѓаните на 7 муслимански држави.

Јавните обвинители во декларацијата истакнаа дека во својство на јавни обинители на над 130 милиони Американци ја осудуваат незаконската одлуката на претседателот Трамп која се коси со уставот и вредностите на САД.

Во декларацијата беше истакнато дека верската слобода претставува една од основните начела на САД и дека ниту еден претседател не може да ја промени оваа вистина.

Декларацијата беше потпишана од страна на јавните обвинители на Њујорк, Вашингтон Д.С., Калифорнија, Пенсилванија, Масачусетс, Хаваи, Вирџиниа, Орегон, Конектикат, Вермонт, Илиносим Њу Мексико, Ајова, Маине, Мериленди и Вашингтон.



Слични вести