Жестоки судири помеѓу ирачките сили и ДАЕШ во западниот дел на Мосул

Додека коалиционите сили ги бомбардираат од воздух целите на терористичката организација ДАЕШ, на копно се водат жестки судири помеѓу ирачките воени единици и ДАЕШ

660462
Жестоки судири помеѓу ирачките сили и ДАЕШ во западниот дел на Мосул

Во вооружени судири во западниот дел на градот Мосул во Ирак кои се засилуваат во местата каде што се распоредени припадниците на терористичката организација ДАЕШ загинаа 32 лица меѓу кои се наоѓаат и жени и деца. 

Додека коалиционите сили ги бомбардираат од воздух целите на терористичката организација ДАЕШ, на копно се водат жестки судири помеѓу ирачките воени единици и ДАЕШ.

Терористичката организација ДАЕШ која е приклештена во западниот дел на Мосул одговара со напади со хаубици против ирачките сили. Меѓу загинатите во вжештените судири се наоѓаат и жени и деца.

Во Синџар пак кај Мосул шиитските милициски сили Хашди Шаби извршија напад врз силите Пешмерги.

Во реализиран напад врз позициите на силите Пешмерги со хаубици немаше загинати или ранети.

Халгурт Хикмет, одговорен за печат на министерството на силите Пешмерги истакна дека и претходно беа реализирани случни напади и дека доколку дојде до повторување ќе одговорат и тие.

Халгурт Хикмет рече дека во врска со настанот се информирани ирачките сили и ирачката влада.

Од друга страна под сенката на насилството жителите на Мосул се обидуваат да се вратат во своите домови.

Во тие рамки започна враќањето во источните делови на градот каде што е воспоставена безбедноста.

Голем број лица од камповите Хасан Шам, Хазир и Дибеге се враќаат назад во своите домови.

Ирачкиот министер за миграција Џасим Еџ-Џаф пак предупреди дека со поместување на вооружените судири кон западниот дел на Мосул би можело да дојде до нов бран на бегалци. 

Ирачките армиски единици на 17 октомври започнаа операција за спасување на Мосул кој од јуни 2014 година се наоѓа под контрола на терористичката организација ДАЕШ.

Операцијата е поддржана и од силите Пешмерги и гардистите Ниневија од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика.

 



Слични вести