Уставниот суд на Франција го поништи законот кој се однесува и на ерменските тврдења

Во одлуката на Уставниот суд се нагласува дека „нема потреба да стои покрај законите кои што ионака постојат во врска со поттикнувањето на омразата“ на законот кој што беше озаконет на крајот на минатата година

659978
Уставниот суд на Франција го поништи законот кој се однесува и на ерменските тврдења

Уставниот суд на Франција ја поништи одредбата на законот во однос на „сметање за кривично дело на отфрлањето на некои кривични дела“ на начин со кој што би можеле да бидат опфатени и ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година.

Во одлуката се нагласува дека „нема потреба да стои покрај законите кои што ионака постојат во врска со поттикнувањето на омразата“ на законот кој што беше озаконет на крајот на минатата година.

Во одлуката на Уставниот суд на Франција се вели следното: „Овој закон го отвора патот за казнување на изнесувањето на коментари во врска со настаните кои тогаш кога биле извршени не претставувало кривично дело. Истовремено законот станува причина за неизвесност по прашањето на законитоста на настаните и изразите за кои што во нормални услови треба да се донесе одлука со дискутирање во врска со историски настани. Така да овој закон претставува непотребен и непропорционален напад врз слободата на изразувањето.“

Усвојувањето на овој закон од страна на француското Национално собрание и Сенатот беше причина за реакции кај Турција и турската заедница во Франција и законот за кој станува збор од страна на еден професор за сутавно право и турските здруженија беше доставен до Уставниот суд кој ќе ја донесе конечната одлука.

Тоа што пак и покрај тоа што Уставниот суд располага со надлежност за неприфање на овие приговори го прифати доставеното барање и го постави на разгледување се оценува како „извојувана правна победа од страна на Турција“.

Сличен закон кој што беше усвоен и за време на претседателскиот мандат на поранешниот француски претседател Николас Саркози исто така од страна на Уставниот суд на оваа земја беше поништен со образложение дека „ја ограничува слободата на изразување“.



Слични вести