Русија ја осуди одлуката на Нетанјаху за одобрување на изградба на нови станбени објекти

Русија чувствува голема загриженост од плановите на Израел за изградба на нови станбени објекти во окупираните палестински територии

660663
Русија ја осуди одлуката на Нетанјаху за одобрување на изградба на нови станбени објекти

Русија, одобрувањето на изградбата на 2500 нови станбени објекти во еврејските населби во окупираните територии во Западниот Брег од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени како илегален чин.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Русија беше истакнато дека се чувствува голема загриженост од плановите на Израел за изградба на нови станбени објекти во окупираните палестински територии бидејќи оваа одлука на Израел се коси со меѓународните правни правила. Согласно резолуцијата број 2334 на СБ на ОН, оваа одлука на Израел нема никаква правна основа и претставува пречка за воспоставувањето траен мир на Блискиот Исток.

Во соопштението беше упатен повик за суспендирање на изградбата на станбените објекти во Западниот брег и Источен Ерусалим.



Слични вести