Расте дискусијата помеѓу САД и Мексико околу финансирањето на ѕидот на границата

По обостраните изјави во врска со финансирањето на ѕидот е откажан испланираниот состанок помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и мексиканскиот претседател Пења Нието

659979
Расте дискусијата помеѓу САД и Мексико околу финансирањето на ѕидот на границата

Расте дискусијата околу „финансирањето на ѕидот“ помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп кој го потпиша указот со кој се предвидува да се изгради ѕид на границата со Мексико и мексиканската влада.

По обостраните изјави во врска со финансирањето на ѕидот, Доналд Трамп во пораката што ја сподели на својата сметка преку социјалната мрежа Твитер напиша: „Доколку Мексико не сака да ги плати парите за овој ѕид за кој што постои итна потреба можеби ќе биде подобро да се откаже наредниот состанок.“

Мексиканската управа остана зачудена пред изјавата за можност од откажување на состанокот на двајцата лидери Доналд Трамп и Пења Нието на 31 јануари во Вашингтон.

Веднаш потоа изјава пристигна и од мексиканскиот претседател Пења Нието кој рече: „Утрово ја информиравме Белата куќа дека нема да учествувам на испланираниот состанок со американскиот претседател во наредниот вторник.“

Нието воедно нагласи дека верува оти треба да продолжи соработката помеѓу двете земји.

На оваа изјава на мексиканскиот претседател Пења Нието, американскиот претседател Доналд Трамп одговори од Филаделфија и рече: „Мексиканскиот претседател и јас постигнавме госласност по прашањето на откажување на планираниот состанок за идната недела. Еден ваков состанок со Мексико кое не покажува почит кон САД ќе беше непродуктивен.“

Во меѓувреме мексиканскиот министер за финансии Хозе Антонио Меаде велејќи „Мислам дека не се води дипломатија со посредство на Твитер“ го критикуваше тоа што американскиот претседател Доналд Трамп процесот во врска со изградбата на ѕидот на границата помеѓу двете земји го води преку социјална мрежа.

Од друга страна портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер истакна дека за обезбедување на финансиските средства за ѕидот за кој што се планира да се изгради на границата помеѓу САД и Мексико Трамп планира да воведе 20-насто данок за сите производи кои што се увезуваат од оваа земја. 

Спајсер напомена дека планот за кој станува збор ќе биде дел од данончната реформа што ја вети Трамп за време на предизборната кампања.



Слични вести