Во западниот дел на Мосул каде што се засилуваат судирите загинаа 32 лица
Коалиционите сили ги бомбардираат целите на ДАЕШ од воздух додека ДАЕШ одговара со напади со хаубици против ирачките сили

Во вооружените судири во западниот дел на градот Мосул во Ирак кои се засилуваат во местата каде што се распоредени припадниците на терористичката организација ДАЕШ загинаа 32 лица меѓу кои се наоѓаат и жени и деца.
Коалиционите сили ги бомбардираат целите на ДАЕШ од воздух додека ДАЕШ одговара со напади со хаубици против ирачките сили.
Од друга страна жителите на Мосул под сенката на насилството почна да се враќа во своите домови во источниот дел на градот.
Ирачкиот министер за миграција Џасим Еџ-Џаф предупреди дека со поместување на вооружените судири кон западниот дела на Мосул би можело да дојде до нов бран на бегалци.
Ирачките армиски единици на 17 октовмри започнаа операција за спасување на Мосул кој од јуни 2014 година се наоѓа под контрола на терористичката организација ДАЕШ.
Операцијата е поддржана и од силите Пешмерги и гардистите Ниневија од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика.
Слични вести

Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан
Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан