Трамп ќе ја намали поддршката на ОН

Трамп истакна дека ќе се укине поддршката на фондовите на установите на ОН кои не ги задоволуваат предвидените критериуми

659833
Трамп ќе ја намали поддршката на ОН

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новата администрација ќе ја намали поддршката на ОН и другите меѓународни организации до 40 насто и дека ќе укинат некои мултилатерални договори.

Весникот Њујорк тајмс во веста во врска со една предлог уредба која чека да биде потпишана од страна на Трамп истакна дека ќе се укине поддршката на фондовите на установите на ОН кои не ги задоволуваат предвидените критериуми.

Меѓу критериумите се наоѓа укинување на поддршката на фондовите кои го поддржуваат полноправното членство на Палестина и Палестинската ослободителна организација, абортусот, активностите или програмите кои ги попречуваат санкциите врз Иран и Северна Кореја.

Евентуалното потпишување на уредбата од страна на Трамп и намалувањето на материјалната поддршка на фондовите на ОН од страна на САД може да предизвика сериозно оштетување на работата на организацијата.



Слични вести