Трамп го потпиша налогот за изградба на ѕид на границата со Мексико

Ѕидот ќе го намали бранот на илегални миграции во САД

659218
Трамп го потпиша налогот за  изградба на ѕид на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп не доцни со остварувањето на дадените ветувања во рамките на изборната кампања.

Новиот претседател го оствари ветувањето во врска со изградбата на ѕид по должината на границата на САД со Мексико.

Белата куќа соопшти дека Трамп го потпиша налогот со кој се предвидува да се изгради ѕид по должината на границата на САД со Мексико.

Во соопштението беше истакнато дека изградбата на ѕидот претставува еден од првите чекори со кој се предвидува да се спречи илегалниот влез во земјата.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер рече дека ѕидот ќе го намали бранот на илегални миграции во САД.

Големо интересирање предизвика податокот дека налогот беше потпишан пред посетата на мексиканскиот министер за надвореши работи Луис Ведегари на Вашингтон.

Мексиканскиот претседател Пења Нието на 31 јануари ќе се состане со американскиот претседател Доналд Трамп.

Нието во изјавата во вторник ги најави првие сигнали во врска со исходот на односите со новата американска администрација.

Мексиканскиот лидер рече дека сака да ја намали зависноста од САД и дека повторно ќе се реконструраат односите со латиноамериканските земји како што се Бразил и Аргентина.



Слични вести