Реакција од мексиканскиот претседател Нието против Трамп поради потпишаниот указ за изградба на ѕид
Мексиканскиот претседател Пења Нието по потпишувањето на указот од страна на Трамп со кој се предвидува да се изгради ѕид на границата со Мексико истакна дека неговата земја не верува во поставување пречки и граници и ја осуди оваа одлука на Трамп

Мексиканскиот претседател Пења Нието истакна дека неговата земја нема да плати за ѕидот кој што американскиот претседател Доналд Трамп ќе го изгради на границата помеѓу двете земји.
Нието во видео-пораката што ја објави веднаш по потпишувањето на указот од страна на Трамп со кој се предвидува да се изгради ѕид на границата со Мексико истакна дека неговата земја не верува во поставување пречки и граници и ја осуди оваа одлука на Трамп.
Велејќи „Низа пати реков дека Мексико нема да плати за ниту еден ѕид“, Пења Нието напомена дека тој како претседател ќе ги брани интересите на Мексико и Мексиканците.
Нието рече: „Мексика го доставува своето пријателство до американскиот народ, а на владата својата желба за постигнување договор.“
Мексиканскиот претседател Пења Нието не даде било каква изјава во врска со тоа дали ќе ја откаже својата испланирана посета на Вашингтон на 31 јануари за време на која ќе се состане со претседателот Трамп.
Функцинерите на опозиционата партија пак упатија повик до претседателот Нието да ја откаже посетата на Белата куќа.