Расте билансот на жртвите во лавината во Италија: Бројот на загинатите се зголеми на 24 лица

Екипите за пребарување и спасување од под урнатините на хотелот кој што беше затрупан од лавина ги извлекоа мртвите тела на уште 5 мина жртви, со што бројот на загинатите во оваа катастрофа се зголеми на 24 лица

658977
Расте билансот на жртвите во лавината во Италија: Бројот на загинатите се зголеми на 24 лица

Расте билансот на жртвите во катастрофата во снежната лавина во Италија.

Екипите за пребарување и спасување од под урнатините на хотелот кој што беше затрупан од лавина ги извлекоа мртвите тела на уште 5 мина жртви.

На тој начин бројот на лицата кои ги загубија животите во катастрофата се зголеми на 24.

Инаку, по серијата земјотреси кои ја погодија Италија во изминатите денови во областа Абрузо дојде до снежна лавина во која беше затрупан еден хотел.

11 од 40-те лица кои беа затрупани во лавината беа спасени живи, додека продолжуваат активностите за пребарување и спасување за уште 6 лица кои се водат за исчезнати.

Јавните обвинители во областа Пескара започнаа истрага во врска со прашањето.



Слични вести