Остри реакции против одлуката на Израел за изградба на нови 2.500 станови на Западниот брег

По одобрението на Израел за изградба на нови 2.500 станови на окупираните палестински територии на Западниот брег пристигнаа реакции против оваа земја како од страна на Палестина, така и од страна на Турција, ОН и ЕУ.

658986
Остри реакции против одлуката на Израел за изградба на нови 2.500 станови на Западниот брег

Палестина одобрението на Израел за изградба на нови 2.500 станови на окупираните палестински територии на Западниот брег ја оцени како „неземање во предвид на меѓународната заедница“.

Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, портпаролот на кабинетот на претседателот Махмуд Абас, Небил Ебу Рудејне истакна дека ја осудуваат оваа неприфатлива одлука и дека истата ќе вроди одредени резултати.

Велејќи дека продлжувањето зо изградба на нови населби ќе ги спречи иницијативите во правец на повторното воспоставување на стабилноста и безбедноста, а воедно ќе ги зајакне теророт и радикализмот, Рудејне рече: „Оваа одлука значи неземање во предвид, провоцирање и предизвикување на меѓународната заедница. Она што се очекува моментално е да се презентира сериозен став пред ова предизвикување.“ 

Турција исто така остро го осуди одобрението на Израел за изградба на нови дополнителни 2.500 станови на илегално изградените населби на окупираните палестински територии. 

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели: „Го повикуваме Израел да се откаже од својот инсистирачки став за продолжување на овој проблематичен начин на сфаќање кое ја разорува визијата за решение со две држави неземајќи ги притоа во предвид меѓународното правои и човековите права.“

Воедно и ОН изразија загриженост од одобрението на Израел за изградба на нови илегални станови.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујарич истакна дека едностраните активности за Израел кои го попречуваат мирот будат загриженост.

„Генералниот секретар нема друга Б план освен решението со две држави.“ - рече Дујарич.

ЕУ исто така објави писмено соопштение со кое го осуди одобрението на Израел за изградба на нови станови.

Во соопштението се вели следното: „одобрението за изградба на нови станови се оценува како отворено предизвикување на меѓународната заедница и сериозен акт на прекршување кој што продолжува против меѓународните закони.“  

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера ја одобри изградбата на нови 2.500 станови во еврејските населби на окупираните палестински територии на Западниот брег.

По доаѓањето на власт на новиот американски претседател Доналд Трамп кој инаку ја поддржува изградбата на еврејските населби на окупираните палестински територии во Источен Ерусалим и на Западниот брег, од 20 јануари досега Израел по втор пат одобри изградба на нови станови.  

На ист начин и Комитетот за изградба и планирање на локалната самоуправа на Ерусалим во недела издаде одобрение за изградба на нови 566 станови во Источен Ерусалим.

 



Слични вести