Германски суд му изрече затворска казна од 3 години на таканаречен раководител на терористичката ПКК

Високиот покраински суд во Дизелдорф на 52-годишниот Ахмет Џ. поради извршено кривично дело членување во сепаратистичко-терористичката организација ПКК, помагање и пружање уточиште на организацијата му изрече казна затвор во траење од три години

658443
Германски суд му изрече затворска казна од 3 години на таканаречен раководител на терористичката ПКК

Во Германија му е изречена затворска казна од 3 години на еден таканаречен раководител на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Високиот покраински суд во Дизелдорф поради извршено кривично дело членување во сепаратистичко-терористичката организација ПКК, помагање и пружање уточиште на организацијата му изрече казна затвор на 52-годишниот Ахмет Џ. во траење од три години.

Во судскиот процес во седмиот Оддел за кривични дела е установено дека лицето Ахмет Џ. под кодно име Керим било одговорно лице за областите на Дуизбург, Бон, Ќелн, Биелфелд, Есен, Бокум, Дортмунд и Дизелдорф и дека од овие наведени области собирал финансиска помош за сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Како што се наведува изречената пресуда за тригодишна затворска казна може да се обжали.

Инаку, сепаратистичко-терористичката организација ПКК од 1993 година се прифаќа како терористичка организација во Германија.



Слични вести