Жестоки дискусии на првиот ден на состанокот во Астана

На состанокот учествуваат делегации на Сириската воена опозиција, Режимот на Асад, Русија, Иран, САД и ОН

657852
Жестоки дискусии на првиот ден на состанокот во Астана

Првиот ден на состанокот посветен на Сирија што се одржа во Астана страните ги доставија меѓусебните очекувања со цел да постигнатото примирје на 30 декември да се стекне со траен карактер.

На состанокот учествуваат делегации на Сириската воена опозиција, Режимот на Асад, Русија, Иран, САД и ОН.

Првата седница се одржа со директната средба меѓу претставниците на опозицијата и другите инволвирани страни.

По паузата, страните продолжија со индиректни преговори.

Најпрвин делегацијата на опозицијата се состана со заедничката делегација составена од претставниците на Турција, Русија и ОН.

Опозицијата бараше режимот и нејзините поддржувачи странските терористички групи да прекинат со прекршувањето на поримирјето, да се достави хуманитарна помош на подрачјата кои се наоѓаат под блокада, иранските војници и вооружените групи кои се поддржуваат од страна на Техеран да ја напуштат земјата и да се пуштат на слобода политичарките кои се наоѓаат во затвор.

Претставниците на Русија и ОН, очекувањата на опозицијата ги доставија на делегацијата на режимот.

Делегацијата на режимот своите очекувања со посредство на делегациите на Русија и ОН ги достави на опозицијата.

По доставувањето на барањата, страните ја напуштија салата и ги направија проценките во врска со поднесените барања.

Претставникот на режимот на Сирија во ОН Бешар Ал-Џафери изразите кои ги употреби на почетокот на состанокот го изнесе ставот на Асад во врска со примирјето.

Џафери истакна дека очекувањата на режимот е постигнување прекин на судирите на одреден период и одделување на терористичките групи од групите кои го потпишаа примирјето во текот на овој период.

Портпаролот на опозицијата Јахја ал-Ариди во изјавата за печатот на крајот на првиот ден на средбите рече средбата на делегацијата на опозицијата со заедничката делегација на Турција, Русија и ОН помина доста продуктивно.

Бидејќи дефиницијата на режимот за терористичка организација е многу широка, опозицијата бара процесот да се стекне со поотворен механизам кој ќе може да се следи од страна на сите страни, со цел да се спроведе примирјето.

Во меѓувреме, во моментот кога започна состанокот, силите на режимот на АЉсад и нивните поддржувачи извршија копнени и воздушни напади врз позициите на силите на опозицијата во Дамаск, Дера, Хама, Алепо и Латакија.

Состанокот во Астана има големо значење од аспект на прекинот на граѓанакста војна во Сирија која што трае скоро шест години, како и првото состанување на меѓународно ниво на претставниците на воената опозиција, режимот, Иран и Русија.

Додека на претходните меѓународни преговори учествуваше политичката опозиција, на средбите во Астана се забележува широко учество на воената опозиција во Сирија.



Слични вести