Сенатот ја одобри номинацијата на Помпео, а запали зелено светло и за одобрението на Рекс Тилерсон

Американскиот Сенат одобри Мајк Помпео да стане директор на Централната американска разузнавачка служба ЦИА, додека Комитетот за надворешни односи на Сенатот го одобри изборот на Рекс Тилерсон за нов американски државен секретар

658039
Сенатот ја одобри номинацијата на Помпео, а запали зелено светло и за одобрението на Рекс Тилерсон

Кабинетот на новиот американски претседател Доналд Трамп продолжува да добива одобрение.

Комитетот за надворешни односи на Сенатот го одобри изборот на Рекс Тилерсон за нов американски државен секретар чие име откако беше соопштено за оваа должност со денови се дискутираше во американскиот печат.

Откако републиканскиот сенатор Мајк Рубио кој претходно ги изнесуваше своите грижи во врска со поранешниот претседател на Управниот одбор на нафтената компанија Ексон-Мобил Рекс Тилерсон, ја изнесе својата поддршка веќе е јасна и конечната одлука на Сенатот.

Затоа веќе со сигурност се гледа дека Рекс Тилерсон ќе стане нов американски државен секретар.

Сенатот исто така одобри Мајк Помпео да стане директор на Централната американска разузнавачка служба ЦИА.

Номинацијата на Помпео бепе одобрена со гласовите на 66 сенатори, а 32-јца сенатори беа против.

Двајца личности чија номинација беше одобрена од страна на Сенатот на денот на полагање заклетва на Доналд Трамп беа секретарот за внатрешна безбедност Џон Кели и секретарот за одбрана Џејмс Метис, инаку и двајцата поранешни генерали.

Имињата кои се номинирани за кабинетот на 45-от американски претседател Доналд Трамп и чекаат одобрение од Сенатот привлекуваат внимание со нивните богатства од милијарди долари.

Се упатуваат критики дека кандидатите за кабинетот на Трамп се лица кои се премногу амбициозни, поранешни војници, но исто така и неискусни во политиката.



Слични вести