Портпаролот на Пентагон Дејвис: САД посакуваат Турција да го заземе Ел Баб од ДАЕШ

„По заземањето на Дабик (силите поддржани од Турција) се упатија кон Ел Баб. Ние го поддржуваме и тоа и сакаме да го заземат Ел Баб од ДАЕШ.“ - изјави портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон капетан Џеф Дејвис

658076
Портпаролот на Пентагон Дејвис: САД посакуваат Турција да го заземе Ел Баб од ДАЕШ

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон капетан Џеф Дејвис истакна дека посакуваат Турција да го заземе од рацете на терористичката организација ДАЕШ градот Ел Баб во Сирија и дека затоа им се дава воздушна поддршка на силите поддржани од Турција.

Капетан Дејвис рече дека од денот кога Турција ги започна своите операции во северниот дел на Сирија (24 август) е доставена помш со воздушна поддршка и со специјални сили за заземање од ДАЕШ на Џераблус, Ел Раи (Чобанбеј) и Дабик.

Дејвид рече: „По заземањето на Дабик (силите поддржани од Турција) се упатија кон Ел Баб. Ние го поддржуваме и тоа и сакаме да го заземат Ел Баб од ДАЕШ. Нашите разговори со турската влада и со нашите воени колеги продолжува.“

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон капетан Џеф Дејвис нагласи дека Турција е коалиционен партнер и дека САД ќе продолжат да даваат поддршка на напорите на Турција против ДАЕШ.



Слични вести