Во првиот круг од внатрепариските избори на Социјалистичката партија на Франција победи Беноа Хамон

Во првиот круг од внатрепартиските избори на Социјалистичката партија меѓу 7 кандидати за кандидирање од левицата за претстојните претседателски избори во Франција победи поранешниот министер за образование Беноа Хамон

656986
Во првиот круг од внатрепариските избори на Социјалистичката партија на Франција победи Беноа Хамон

Првиот круг од прелиминарните внатрепартиски избори на Социјалистичката партија на Франција за избор на свој кандидат за претстојните претседателски избори меѓу 7-те кандидати, заврши со победа на Беноа Хамон.

Поранешниот француски министер за образование Беноа Хамон истакна дека неговата победа претставува уште еден значаен чекор во име на левицата.

Хамон кој освои 36,21-насто од гласовите резултатот од првиот круг од прелиминарните избори го прокоментира со зборовите „Ова се првите поставени тули во име на левицата“.

Поранешниот француски премиер Мануел Валс пак со освоени 31,19-насто од гласовите го освои второто место во првиот круг од прелиминарните внатрепартиски избори.

По гласањето Валс истакна дека е радосен поради тоа што во вториот круг ќе се натпреварува со поранешниот министер за образование Беноа Хамон.

Најизненадувачкиот резултат од одржаниот прв круг од прелиминарните внатрепартиски избори на Социјалистичката партија беше тоа што Арно Монтебург кој на спроведените анкети се наоѓаше на прво место освои 17,62-насто од гласовите и беше трет по бројот на освоени гласови.

Силвиа Пинел, една од кандидатите која изгуби во првиот круг изјави дека во вториот круг од прелиминарните внатрепартиски избори ќе го поддржува Мануел Валс, додека Арно Монтебург повика да се гласа за Беноа Хамон.



Слични вести