Почнуваат сириските разговори во Астана, Казахстан

На состанокот под водство на Турција и Русија освен претставници на сирискиот режим и на опозицијата се очекува да учествуваат и делегации на Иран, САД и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија Стефан де Мистура

656917
Почнуваат сириските разговори во Астана, Казахстан
abdrahmanov suriye rejim ve muhalefet.jpg

Денеска во главниот град на Казахстан Астана се состануваат претставниците на режимот на Асад и опозиционерите со цел стопирање на граѓанската војна во Сирија.

На состанокот кој што ќе се одржи под водство на Турција и Русија како земји гарантори во постигнувањето на прекинот на огнот во Сирија кој стапи во сила на 30 декември, освен претставници на сирискиот режим и на опозицијата се очекува да учествуваат и делегации на Иран, САД и специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија Стефан де Мистура.  

Меѓу прашањата за кои што поготово ќе се разговара на состанокот што ќе се одржи зад затворени врати се наоѓаат зајакнувањето на прекинот на огнот во Сирија и доставувањето на хуманитарна помош на областите под опсада.

Една од најзначајните страни на состанокот е таа што опозицијата ќе биде застапена со најшироко учество на разговорите од почетокот на граѓанската војна досега.

Претходно во швајцарскиот град Женева беа одржани сосема куси разговори со тесно учество помеѓу завојуваните страни за размена на заробеници и преземање на некои мерки за зголемување на довербата.

Една друга новина во Астана е и таа што воените претставници на опозицијата и режимот на Асад за прв пат ќе седнат околу иста маса и ќе остварат директни разговори за време на шест годишната граѓанска војна во Сирија. 

Доколку сирискиот режим и нивниот гарантор Русија фрлат одредени чекори во врска со прекршувањата на прекинот на огнот опозиционерите ќе предложат да бидат ставени во примена две мерки за зголемување на довербата.

Првата од тие мерки ќе биде предлогот за отворање на хуманитарен коридор за голем број области во главниот град Дамаск и околината и во градот Хомс, инаку области кои се наоѓаат под опсада на режимот и каде што хуманитарната криза се продлабочува.

Освен тоа опозиционерите ќе побараат да бидат ослободени и илјадници политички затвореници кои се наоѓаат во затворите на режимот.

Во меѓувреме претставниците на опозиционерите кои допатуваа во Астана ја посетија и разменија мислења со турската делегација предводена од заменик потсекретарот на министерството за надворешни работи Седат Онал.

Потоа со претставниците на сириските опозиционери оствари средба и заедничката делегација составена од дипломати на Велика Британија, Франција, Германија и Данска. 

Исто така и казахстанскиот министер за надворешни работи Каират Абдрахманов пред состанокот се состана со претставниците на сириските режим и на опозиционерите.

Абдрахманов воедно оствари средба и со специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН за Сирија Стефан де Мистура, а имаше одделни средби и со делегациите на Турција, Русија и Иран.



Слични вести