Лошите временски услови во јужните делови на САД одзедоа човечки животи, а има и повредени

Поради силната бура, поројните врнежи од дожд и ураганот кои што ги зафатија социјаните држави Џорџија, Мисисипи, Флорида и Алабама беа срушени голем број згради, дојде до човечки загуби, а има и повредени

656891
Лошите временски услови во јужните делови на САД одзедоа човечки животи, а има и повредени

Во неповолните временски услови кои што владеат во САД животот го загубија 16 лица.

Поради силната бура, поројните врнежи од дожд и ураганот кои што ги зафатија сојузните држави Џорџија, Мисисипи, Флорида и Алабама беа срушени голем број згради, дојде до човечки загуби, а има и повредени.

Во сојузната држава Џорџија освен загинати има и десетици повредени лица и во голем број области е прогласена вонредна состојба.

Во сојузната држава Мисисипи беа оштетени приближно 500 куќи, додека во сојузната држава Алабама 29 илјади станови останаа без електрична струја.

Како што се истакнува поради неповолните временски услови кои што владеат во јужните делови на САД приближно 5 милиони луѓе се наоѓаат под ризик.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги побара по телефон гувернерот на Џорџија Натхан Деал и гувернерот на Флордиа Рик Скот до кои го изрази своето сочувство за жртвите во невремето и им вети помош.

 



Слични вести