Ирачката армија ја воспостави безбедноста во 98 маала во Мосул

Ирачките војници кои ја воспоставија контролата и во областа Ел Мелајин досега ја воспоставија безбедноста во 98 маала во градот Мосул, а во маалата Бисан и Решидије два дена како се водат вооружени судири

657030
Ирачката армија ја воспостави безбедноста во 98 маала во Мосул

Продолжува операцијата за исчистување на терористичката организација ДАЕШ од градот Мосул во Ирак која што беше започната на 17 октомври 2016 година од страна на ирачката армија и која е поддржувана од коалиционите сили под водство на САД.

Операцијата за ослободување на Мосул од ДАЕШ исто така е поддржувана и од страна на силите Пешмерги и муџахедините Ниневија од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика.

Ирачките војници кои ја воспоставија контролата и во областа Ел Мелајин досега ја воспоставија безбедноста во 98 маала во градот Мосул.

Во маалата Бисан и Решидије пак два дена како се водат вооружени судири.

Воени авиони на коалиционите сили под водство на САД исто така продолжуваат да ги бомбардираат целите на терористичката организација ДАЕШ во овие две маала.

Од страна на воени авиони на коалиционите сили беа бомбардирани и уништени и чамци кои терористичката организација ДАЕШ ги користеше за премин на западниот брег на реката Тигар.

Од почетокот на операцијата на Мосул која што започна на 17 октомври досега останаа без своите домови повеќе од 160 илјади Ирачани, додека бројот на оние кои станаа бегалци изнесува над 140 илјади лица.



Слични вести