Во железничка несреќа во Индија загинаа најмалку 32 лица

Патнички воз излета од шините во сојузната држава Андра Прадеш во Индија при што во несреќата животот го загубија најмалку 32 лица и најмалку 50 лица се повредени

656776
Во железничка несреќа во Индија загинаа најмалку 32 лица

Во Индија воз излета од шините и во несреќата животот го загубија најмалку 32 лица, а најмалку 50 лица се повредени.

Несреќата се случи во близина на сојузната држава Андра Прадеш во источниот дел на земјата.

По несреќата за извлекување на лицата кои останаа заглавени во возот освен екипи за спасување на местото на настанот дојдоа и голем број лица.

Надлежни истакнаа дека е започната истрага во врска со несреќата.

Индија располага со трет по голема систем на железнички пруги во светот, меѓутоа поради застарената технологија и недоволното одржување на железничките пруги често доаѓа до несреќи во кои гинат голем број луѓе.



Слични вести