Јахја Џамех ја напушти Гамбија и заврши политичката криза во оваа западноафриканска држава

Претседателот на Гамбија Јахја Џамеј кој и покрај тоа што ги изгуби претседателските избори на 1 декември не сакаше да ја предаде власта заедно со своето семејство ја напушти земјата со што заврши политичката криза во оваа западноафриканска држава

656625
Јахја Џамех ја напушти Гамбија и заврши политичката криза во оваа западноафриканска држава

Политичката криза во Гамбија заврши со напуштање на земјата на претседателот Јахја Џамех кој и покрај тоа што ги изгуби претседателските избори не сакаше да ја напушти власта.

Јахја Џамеј заедно со своето семејство ја напушти Гамбија.

Адама Бароу кој победи на одржаните претседателски избори на 1 декември претходно изјави дека Јахја Џамех би можел да замине во прогонство во Гвинеја.

Јахја Џамех кој по одржаните избори го призна поразот но потоа се предомисли и одби да ја напушти власта е испратен од страна на неговите приврзаници меѓу кои се наоѓаа и војници.

Во меѓувреме, победникот на претседателските избори Адама Бароу положи заклетва за нов претседател на церемонијата што се одржа во амбасадата на Гамбија во соседен Сенегал.

Поранешниот гамбиски претседател Јахја Џамех се наоѓаше на претседателската фотелја во оваа западноафриканска држава од воениот удар кој што беше извршен во 1994 година.



Слични вести