Голем број жени ширум САД одржаа протестен марш против Трамп

На протестите кои што се одржаа ширум САД против новиот американски претседател Доналд Трамп учествуваа голем број жени

656813
Голем број жени ширум САД одржаа протестен марш против Трамп
abd'de portland kadınlar yürüyüşü.jpg
abd kadınlar yürüyüşü.jpg

Во различни делови на САД беше одржан протестен марш против новиот претседател Доналд Трамп поради неговите изјави во врска со жените.

Приближно 250 илјади во Њујорк од кои мнозинството го сочинуваа жени и млади се собраа во паркот Даг Хамаршелд веднаш наспроти седиштето на ОН.

Демонстрантите наведоа дека Трамп за време на предизборната кампања ја понижа неговата противкандидатка од Демократската партија Хилари Клинтон и жените.

Големиот број демонстранти од втората авенија и 42-рата улица  маршираа кон Трамп Тауер на 5-тата авенија.

На маршот учествуваа и сопругата на градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио, Чирлејн МекКрејн која се споменува и како „Прва дама на Њујорк“, филмската актерка и активистка Синтија Никсон, Рози Перез, Тејлор Шилинг, Вупи Голдберг и Хелен Мирен, како и познатата уметничка Јоко Оно која на протестниот марш учествуваше со инвалидска количка.

Поголемиот дел од пораките напишани на транспарентите го сочинуваа слогани против Трамп и пораки за социјална правда, граѓански права и полова еднаквост.

Во Јутах каде што свечено беше отворен Филмскиот фестивал Санденс исто така познати имиња како Шарлиз Терон, Џошуа Џексон, Аиша Тајлер, Челзи Хандлер и Мери МакКормак учествуваа на Маршот на жените во Парк Сити.

Голем број Холивудски ѕвезди пак учествуваа на протестниот марш кој што се одржа во Лос Анџелес а на кој учествуваа приближно 700 илјади лица.

Активистката и филмска актерка Ешли Џуд на протестниот митинг во Вашингтон одржа говор под наслов „Лоша жена“ и овој нејзин говор наиде на бурни аплаузи. 

На секој протестен митинг одделно кои што се одржаа во Лос Анџелес, Њујорк и Вашингтон беше уочено дека учествуваа многу поголем број Американци од оние кои учествуваа на церемонијата на полагање заклетва на новиот американски претседател Доналд Трамп.



Слични вести