Во бомбашки напад во градот Парачинар во Пакистан загинаа 20 лица

Во градот Парачинар во областа на племенските заедници во Пакистан во близина на границата со Авганистан е реализиран бомбашки напад во кој загинаа 20 лица, а 40 лица се ранети

656418
Во бомбашки напад во градот Парачинар во Пакистан загинаа 20 лица

Во реализиран бомбашки напад во градот Парачинар во областа на племенските заедници во Пакистан во близина на границата со Авганистан животот го загубија 20 лица, а 40 лица се ранети.

Пакистански воени извори соопштија дека цел на нападот бил еден пазар за овошје и зеленчук во градот парачинар и дека ранетите биле префрлени на лкеување. 

Надлежни истакнуваат дека здравствената состојба на 12 од 40-те ранети во бомбашкиот напад е тешка.

Како што се истакнува одговорноста за нападот ја презела организацијата Тахрик-и Талибан.

 



Слични вести