Нигериската армија по грешка бомбардира област каде што се наоѓал бегалски камп

Како што се вели бројот на загинатите во бомбардирањето се зголемил на 90 лица, меѓутоа граѓански организации истакнуваат дека загинале 170 лица

656207
Нигериската армија по грешка бомбардира област каде што се наоѓал бегалски камп

Во реализиран воздушен напад од страна на нигериската армија врз терористичката организација Боко Харам по грешка е бомбардирана област каде што се наоѓал бегалски камп.

Како што се вели бројот на загинатите во бомбардирањето се зголемил на 90 лица, меѓутоа граѓански организации истакнуваат дека загинале 170 лица.

На почетокот беше соопштено дека загинале 52 лица.

Воздушниот напад за кој станува збор стана прво бомбардирање по грешка кое што беше признато од страна на нигериската армија.

Жителите на Нигерија кои живеат во североисточниот дел на земјата и претходно истакнуваа дека армијата ги бомбардира цивилните населени места.



Слични вести