Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана претседател на САД

Доналд Трамп на свечената инаугуративна церемонија пред Конгресот положи заклетва и официјално стана претседател на САД

656228
Доналд Трамп положи заклетва и официјално стана претседател на САД

Доналд Трамп кој победи на одржаните претседателски избори на 8 ноември 2016 на свечената инаугуративна церемонија пред Конгресот положи заклетва пред главниот судија на Врховниот суд Џон Робертс и официјално седна на претседателската фотелја како 45-ти претседател на САД.

Во говорот што го одржа на церемонијата Трамп рече: „Почнувајќи од денеска ќе биде приоритетна само Америка. Дојде времето да се стапи во акција. Заклетвата која што ја полагам денеска е заклетва за приврзаност кон сите Американци.“

Велејќи „Ќе преминеме во акција заедно за да ја кренеме повторно на нозе земјата“, Доналд Трамп во својот говор истакна дека ќе работи за да се обезбедат подеднакви можности за сите.

Трамп нагласи дека заедно со неговото претседателство моќта е земена од Вашингтон и му е предадена на народот.

„Денеска е ден кога народот повторно ја зеде моќта во свои раце“ - рече Трамп.

Привлекувајќи внимание кон проблемите на земјата на чело со економијата, Доналд Трамп вети раст и развој и рече: „Ние како американски граѓани во моментов сме во еден голем национален потфат. Повторно ќе ја изградиме нашата земја.“ 

„Десетици години ги зајакнавме странските компании. Во текот на десетици години ги зајакнавме армиите на другите земји, ја ослабивме нашата армија. Потрошивме трилиони долари и ги збогативме другите земји. Тоа веќе остана во минатото. Ќе гледаме само кон иднината.“ - рече Трамп.

Напоменувајќи дека ќе бидат донесени наново просперитетот и богатството и ќе бидат изградени нови патишта и аеродроми, новиот американски претседател Доналд Трамп во својот говор рече: „Ќе продолжиме да бидеме бранете на извонреден начин од страна на нашата армија и нашите безбедносни сили. Било да сме бели, било црнци крвта на сите нас е црвена и тоа е крвта на патриотите. Сите го поздравуваме големото знаме на САД. Се наоѓаме на прагот на еден нов милениум. Се подготвуваме за откривање на тајните на вселената и за нови технологии.“



Слични вести