Сеуште не може да се обезбеди доволно хуманитарна помош за цивилите под опсада

Во Женева се одржа состанок на работната група за доставување хуманитарна помош на Меѓународната група за поддршка на Сирија

655767
Сеуште не може да се обезбеди доволно хуманитарна помош за цивилите под опсада

Јан Егеланд, специјалниот советник на Стефан де Мистура, специјалниот претставник на ОН за Сирија рече дека покрај активностите за спасување на животите на Сиријците во голем број подрачја по примирјето во Сирија, сеуште не може да се обезбеди доволно хуманитарна помош за сто илјадници цивили кои се наоѓаат под опсада.

Во Женева се одржа состанок на работната група за доставување хуманитарна помош на Меѓународната група за поддршка на Сирија.

Јан Егеланд на прес конференцијата што ја одржа по состанокот рече дека во шестата година на немилосрдната војна поминуваат низ најтешката зима.

Моменталното примирје во Сирија спасува илјадници животи, рече Егеланд и додаде дека паралелно со тоа, за жал во долината Барада западно од Дамаск каде што се водат жестоки судири, илјадници луѓе беа протерани од родните места, а исто така не можат да воспостават контакти со сто илјадници луѓе кои се наоѓаат под опсада.

Егеланд рече дека чувствува голема загриженост особено за цивилите во две подрачја и потенцираше дека едно од нив е Деир ез-Зор на границата со Ирак во кое живеат околу 93 илјади цивили.

Јан Енгланд додаде дека еден од преговарачите кој од Дамаск заминал за долината Барада каде што се наоѓаат изворите за вода со цел да ги поправи истите, бил убиен од страна на снајперист, поради што била одложена поправката на изворите.

Моментално околу 5 и пол милиони жители на Дамаск 27 дена живеат без чиста вода за пиење.



Слични вести