Данска: Испитувањето и коментирањето на настаните од 1915 година е работа на историчарите

Данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен на едно поставено прашање во парламентот истакна дека испитувањето и коментирањето на ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година е работа на историчарите, а не на владите

656034
Данска: Испитувањето и коментирањето на настаните од 1915 година е работа на историчарите

Данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен одржа долг говор пред парламентот во кој одговори на доставеното прашање од страна на пратениците на некои политички партии во кое се бараше министерството за надворешни работи да ја образложи позицијата на владата околу ерменските тврдења во врска со настаните од 1915 година.

Самуелсен  истакна дека испитувањето и коментирањето на настаните од 1915 година е работа на историчарите и рече: „Владата не е и не сака да биде надлежен орган во однос на едно историско прашање. Ние како влада предлагаме и парламентот да не се обиде да се нафати на оваа работа.“ 

Нагласувајќи дека историските настани се политизираат, Самуелсен напомена дека затоа настаните треба да им се препуштат на историчарите и рече: „Ние не сме и нема да бидеме надлежен орган кој што ќе решава за историски настани.“

Данскиот министер за надворешни работи Андерс Самуелсен потсети дека лицата од ерменско, еврејско и грчко етничко потекло кои живеат во Турција се признати како малцинство, а воедно додаде дека за тоа како ќе се одвиваат односите помеѓу Турција и Ерменија ќе одлучат овие две земји.

По овој говор на министерот за надворешни работи Андерс Самуелсен данскиот Парламент одлучи на 26 јануари да се гласа за два текста во врска со настаните од 1915 година.

Од друга страна со мнозинство гласови беше одбиен и писмениот предлог доставен од страна на Народната партија на Данска за суспендирање на преговорите за членство на Турција со ЕУ.



Слични вести