Во судир на камион и школски автобус во Индија животот го загубија најмалку 24 деца

Во градот Етах во провинцијата Утар Прадеш во Индија дојде до судир меѓу камион и школски автобус  во кој ивотот го загубија најмалку 24 деца, а најмалку 24 деца се повредени

655149
Во судир на камион и школски автобус во Индија животот го загубија најмалку 24 деца

Во судир на камион и школски автобус во градот Етах во провинцијата Утар Прадеш во Индија животот го загубија најмалку 24 деца.

Полицијата на Утар Прадеш соопшти дека во судир меѓу камион натоварен со песок кој што возел брзо и школски автобус кој превезувал мали деца и ученици помеѓу 3 и 12 годишна возраст.

Притоа во судирот животот го загубиле најмалу 24 лица, а најмалку 24 деца биле повредени.

Полицијата истакна дека поради екстремно ниските температури е прекинато образованието во училиштата  и дека ќе се испита зошто било отоврено училиштето на учениците кои се наоѓале во сервисот.

Според полициски извори несреќата се случила поради тоа што видливоста била намалена поради густата магла.



Слични вести