По серијата земјотреси снежна лавина затрупа хотел во Италија: Најмалку 30 загинати

По серијата земјотреси кои што ја погодија Италија во текот на вчерашниот ден дојде и до снежна лавина во која беше затрупан еден хотел и притоа животот го загубија најмалку 30 лица

655082
По серијата земјотреси снежна лавина затрупа хотел во Италија: Најмалку 30 загинати

Во снежна лавина во Италија предизвикана од вчерашните земјотреси кои ја погодија оваа земја животот го загубија најмалку 30 лица.

Како што се истакнува лицата кои го загубија животот во снежната лавина во месноста Ригопиано западно од градот Пескара биле туристи кои биле на зимски одмор во еден хотел врз кој паднала снежната лавина и вработени на хотелот.

Инаку животот го загуби едно лице и во вчерашните земјотреси кои што ја погодија Италија.

Во областа каде што во земјотресот во август минатата година животот го загубија 300 лица во текот на вчерашниот ден беа евидентирани серија потреси со јачина од 5,1, 5,5, 5,4 и 5,1 степени според Рихтер.

Веднаш потоа екипите за пребарување и спасување од под рушевините во месноста Кастел Катагна го извлекоа мртвото тело на еден 85-годишен старец.

Противпожарните екипи пак во месноста Кастаглионе Месер Раимондо спасија од под рушевините една мајка и нејзино дете. 



Слични вести